Американски колачиња

СОСТОЈКИ И ПОДГОТОВКА

Во подлабок сад ставете:

  • 200 гр кафеав шеќер,
  • 150 гр овесни снегулки,
  • 200 гр брашно,
  • половина пециво,
  • 100 гр сецкана чоколада,
  • 100 гр сецкани ореви,
  • 2 јајца изматени со вилушка,
  • 125 гр истопен путер (може и маргарин)

Измешајте со лажица убаво и на крај со раце да добиете компактна смеса.
Со влажни раце правете топчиња кои благо ќе ги притиснете и редете ги во тава обложена со хартија за печење.
Печете во загреана рерна на 175 степени точно 12 минути и веднаш извадете ги од рерна. Може да ви изгледаат недопечени, но дури кога ке се изладат тие се готови.
Ако ги печете повеќе време кога ќе се изладат и кога ќе се стегнат, тогаш се тврди. Затоа внимавајте со печењето.
Бидете сигурни дека сите ќе уживате. Колачињата брзо се прават но уште побргу се јадат.

Направете ги и уживајте!

СПОДЕЛЕТЕ

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
Share on pinterest
Share on email

СПОДЕЛЕТЕ

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
Share on pinterest
Share on email