Брза Торта со Мини Кроасани

СОСТОЈКИ И ПОДГОТОВКА

  • 1л. млеко
  • 6 лажици шеќер
  • 3 кесички прашок за пудинг од ванила (120gr)
  • 125гр. маргарин
  • 12 пишкоти
  • 15 мини кроасани
  • 50гр. чоколада и чоколадни топчиња за декорација

Сварете густ крем од млеко, шеќер и пудинг, во кој го додавате маргаринот и мешате додека се стопи. Вака подготвениот крем го оставате на страна да се излади.

Во тавче со подвижен обрач (пречник 24cm.) подмачкано со маргарин наредете ги на дното пишкотите кои ги потопувате во ладно млеко.

Врз пишкотите сипете половина од кремот, наредете 15 мини кроасани и сипете ја другата половина од кремот.
Ладете во фрижидер.

Се декорира со парчиња сецкана чоколада и чоколадни топчиња.

СПОДЕЛЕТЕ

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
Share on pinterest
Share on email

СПОДЕЛЕТЕ

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
Share on pinterest
Share on email