Чизкејк со Нескафе

СОСТОЈКИ И ПОДГОТОВКА

  • Подготовка на Основата:
    300гр. мелени бисквити, 125гр. маргарин (или путер) на собна температура, 10 лажици млеко, 3 лажици шеќер во прав и 1 лажичка нескафе се сипа во длабок сад и се мати со миксер додека се соедини.
  • Подготовка на Филот:
    500гр. крем сирење се мати со 100гр. шеќер во прав и 1 лажичка нескафе. Посебно се мати 500мл. слатка павлака, во која сипаме претходно стопени 200гр. чоколадо, и 10гр. желатин покиснат во 50мл. студена вода. Двете смеси се мешаат заедно и се сипуваат врз смесата од бисквити.
  • Подготовка на Глазурата
    На тивок оган се загрева 200мл. слатка павлака и во неа се додава 100гр. чоколада и 1 лажичка нес, и се промешува додека чоколадото не се стопи, но мора да се внимава смесата да не зоврие. Готовата смеса со стопено чоколадо се сипа врз филот од крем сирење.
  • Вака подготвениот колач се става во фрижидер неколку часови додека да се зацврсти.

СПОДЕЛЕТЕ

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
Share on pinterest
Share on email

СПОДЕЛЕТЕ

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
Share on pinterest
Share on email