Гала Кифлички

СОСТОЈКИ И ПОДГОТОВКА

– 1,2кг брашно (+/-)
– 2 кесички сув квасец
– 1 пециво
– 3 јајца
– 2 лажици сол
– 2 лажици шеќер
– 100мл масло
– 200мл јогурт
– 200мл млеко
– 200мл вода
– маргарин за премачкување

Замесете тесто од 3 јајца, 2 кесички сув квасец, 1 пециво, 2 лажици сол, 2 лажици шеќер, 100 мл масло, 200 мл јогурт, 200 мл млако млеко, 200 мл млака вода и околу 1,2 кг брашно ( брашното не го додавајте наеднаш, зависи од она со што ги мерите сите состојки, затоа додавајте постепено).

Убаво измесете го тестото, околу 10 минути.
Не треба да стасува, веднаш се работи.
Поделете го на 15 дела од кои формирајте топчиња.
Од секое топче сукајте мали кори и составете на 3 места по 5. На првите четири мачкајте маргарин, на последната петта не.

Од секое купче сукајте голема кора која ја сечете на 24 дела. Мотајте кифлички кои ги редите на тавче подмачкано со маргарин.
Оставете ги да стасуваат околу 1 час.

Одозгора едните мачкајте ги со жолтка, а едните со проматена белка, поросете ги со сусам и печете во загреана печка на 200 степени околу 15 до 18 минути. Вие најдобро знаете како пече вашата печка и така печете.

Добар апетит!

СПОДЕЛЕТЕ

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
Share on pinterest
Share on email

СПОДЕЛЕТЕ

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
Share on pinterest
Share on email