Хана банана

СОСТОЈКИ И ПОДГОТОВКА

  • 2 Јаболки
  • 6 Банани
  • 250гр. Шеќер во Прав
  • 250гр. Маргарин
  • 300гр. Мелени Бисквити
  • За Декорација:
  • 400мл. Слатка Павлака
  • 50гр. Рендана Чоколада

Јаболките излупете ги и изрендајте ги на крупно. Испасирајте 2 банани со вилушка.
Шеќерот во прав измешајте го со бисквитите и додадете стопен маргарин. Додадете ги јаболките и бананите и изедначете ја смесата. Смесата сипете ја во коцкаста тепсија (25х25) подмачкана со маргарин, и израмнете.

Да стои во фрижидер околу половина час.
Одозгора ги редите четирите банани кои ги сечете по должина и попрскувате со сок од лимон
Одозгора премачкајте со изматена павлака и рендана чоколада.Ова е десерт кој ке го обожаваат вашите деца. Нема дете на кое не му се допаднал. За да им биде попривлечен украсете им го со нивни омилени бонбони или чоколатки за да им е и визуелно привлечен.

СПОДЕЛЕТЕ

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
Share on pinterest
Share on email

СПОДЕЛЕТЕ

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
Share on pinterest
Share on email