ХУМУС

СОСТОЈКИ И ПОДГОТОВКА

– 100гр леблебија
– 300мл вода
– 2-3 лажици таан
– 2 лажици маслиново масло
– половина лимон

Хумусот ми е омилен намаз, посебно со бело пилешко месо.
Да го направите потребна ви е леблебија. Ако е сирова треба да се обработи. Од вечер ја потопувате во вода, на 100 гр сирова леблебија треба 300 мл вода. Утредента ја расипувате водата, сипувате нова и варете. Откако ке зоврие, соберете ја пената што се создава и намалете ја температурата. Варете ја поклопена со капак 30 минути.

Кога е готова оставете ја да се излади и отсипете ја водата од која ке оставите малку да може да го разредите хумусот ако треба.
Ако не сакате да губите време купете готова леблебија во тегла.
200 гр варена леблебија сипувате во блендер. Додавате 2-3 лажици од водата во која се варела, 2 лажици таан ( јас додадов 3 затоа што го обожавам таанот), сол во прсти, 2 лажици маслиново масло, сок од половина лимон. Блендирајте. Може да го направите како путер но може и помалку, да остане и некое парченце леблебија. Ако сакате можете да додадете уште вода, сол по вкус.

Сервирајте со маслиново масло, букова сол и цели зрна леблебија.

СПОДЕЛЕТЕ

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
Share on pinterest
Share on email

СПОДЕЛЕТЕ

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
Share on pinterest
Share on email