Капри торта со малини

СОСТОЈКИ И ПОДГОТОВКА

  • Фил од малини: 300гр шеќер и 200мл вода да зоврие и да врие 3 минути. Додадете 500гр малини. Кога ке провријат додадете 2 кесички прашок за пудинг од малини (може и од јагоди) измешан со 100мл вода и варете додека да се згусне. Оставете го филот да се лади.
  • На 16 јајца одделете ги белките од жолчките. Белките поделете ги во 4 зделички по 4, а жолчките ставете ги во тенџере, сите 16.
  • Изматете ги 16-те жолчки со 300гр шеќер, додадете 150гр густин и 200мл млеко. Ставете на рингла да се загрева и додадете 800мл топло млеко. Варете да добиете густ крем.
  • Изматете 250 гр маргарин и во него додадете го кремот кога ќе се излади.
  • Печете 4 теста од по 4 белки изматени со 4 лажици шеќер и на крај додадете 3 лажици брашно. Печете во тавче со пречник 26 цм на 180 степени по 20 минути.
  • Три теста ставете на маса и врз нив нанесете го филот со малини. Оставете малку да фати кора. Првото тесто ставете го на тацна. Врз малините внимателно нанесувајте од филот од млеко и измазнете. Ставете ги и другите 2 теста и повторете ја постапката. На крај поклопете ја четвртата кора и одозгора и од страна намачкајте од филот со млеко. Ставете ја тортата во фрижидер убаво да се излади.
  • Направете путер крема за декорација на тортата.
    Во тенџере ставете 3 белки и 170гр шеќер. Вклучете ја ринглата на најслаба температура и мешајте додека да се истопи шеќерот и белките да се загреат. Тргнете од ринглата и матете со миксер 10 минути. Во подлабок сад изматете со миксер 250гр путер (или маргарин) и додавајте ги изматените белки.
  • Истопете на тивок оган 150гр бела чоколада со 1 лажичка масло и тргнете ја да се излади. И чоколадата додадете ја во белките и убаво изматете со миксер.
  • Со путер кремата измачкајте ја убаво тортата од сите страни. Врз путер кремата нанесете одозгора 150гр чоколада истопена со 150мл слатка павлака (на ниска температура мешајте ги додека да се изедначат), а од страна пуштајте по малку да се стече. Декорирајте со изматена слатка павлака, чоколадни топчиња, малини и сецкана бела чоколада.

Тортата е супер за сите што не јадат јаткасти плодови или имаат алергија на истите! 

СПОДЕЛЕТЕ

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
Share on pinterest
Share on email

СПОДЕЛЕТЕ

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
Share on pinterest
Share on email