Кнедли со модри сливи

СОСТОЈКИ И ПОДГОТОВКА

  • 500мл. вода
  • 175мл. масло
  • 150гр. брашно
  • 150гр. гриз
  • прашак за пециво
  • 2 јајца
  • 150гр. лебни трошки

Тесто: 500 мл вода и 100 мл масло сипете ги во тенџере додека да провријат.
Додадете 150 гр брашно и 150 гр гриз, промешајте и оставете да се излади. Во изладено додадете 1 мала лажичка пециво и 2 јајца, едно по едно. Матете со миксер.

Во тава сипете 75 мл масло и 150 гр лебни трошки и пропржете ги да добијат убава боја но да не прегорат.
Тестото поделете го на 20 топчиња.
Секое истенчете го помеѓу дланките, ставете модра слива без семка и убаво обвиткајте ја со тестото.
Ставете на рингла тенџере со 2 л вода да зоврие. Пуштајте по неколку кнедли и кога ке излезат на површина варете ги околу 3 минути.
Сварените кнедли посипете ги убаво со пржените лебни трошки и шеќер.

СПОДЕЛЕТЕ

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
Share on pinterest
Share on email

СПОДЕЛЕТЕ

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
Share on pinterest
Share on email