Колач балерина

СОСТОЈКИ И ПОДГОТОВКА

  • 500мл млеко
  • 100гр шеќер
  • 300гр овесни снегулки
  • 100гр сусам
  • 125гр маргарин
  • 100гр ореви
  • 500мл слатка павлака
  • компот од праска

Во тенџере на рингла ставете 500 мл млеко и 100 гр шеќер. Кога ќе проврие сипете 300 гр овесни снегулки и варете со мешање додека не го впијат млекото. Тргнете од оган и ставете во масата 125 гр маргарин кој се меша додека да се стопи.

Во смесата додадете 100 гр сецкани ореви и 100 гр сусам кој претходно ке го пропржите во тава на суво, колку да замириса.
Сипете ја смесата во тава со димензии 25×25 цм намачкана со маргарин. Убаво израмнете ја.

Одозгора наредете сецкано овошје, јас ставив праска од компот но може било кое овошје по ваш вкус (банана, малини, капини, слатко од зелени смокви)
Изматете 500 мл слатка павлака и нанесете ја врз овошјето.

Ставете го колачот во фрижидер неколку часа и потоа сечете на коцки.
Може да се направи и во кружна тава на која и се вади обрачот и да ја сечете како торта.
Вкусот е неповторлив!

СПОДЕЛЕТЕ

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
Share on pinterest
Share on email

СПОДЕЛЕТЕ

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
Share on pinterest
Share on email