Мусака со тиквички и компири
СОСТОЈКИ И ПОДГОТОВКА
Исечете 2 тиквички на кругови, посолете ги и оставете да пуштат вода. Излупете 4 помали компира и нив исечете ги на кругови. Во тава испржете сецкани кромид, морков и пиперка. Додадете 500гр. мелено месо и пропржете го да смени боја и тогаш додадете сол и бибер. Во тава за печење ставете малку масло и наредете половина од тиквичките, врз нив половина од месото, наредете ги сите компири, другата половина од месото и на крај другата половина од тиквичките.
Ставете ја мусаката во загреана рерна на 200 степени да се пече половина час. Изматете 3 јајца, 200мл. јогурт, 2 лажици кисела павлака и сол, и со тоа прелијте ја мусаката, поросете со сусам и продолжете со печење додека да добие убава боја. Декорирајте со кисела павлака и кечап.
Убав Апетит!