Највкусната БУРЕК ПИТА што ќе ја пробате!

СОСТОЈКИ И ПОДГОТОВКА

  • 500гр лиснато тесто
  • 200гр кори за пита

Фил со месо:
На малку масло пропржете 1 главица сецкан кромид, 1 сецкана црвена пиперка и кога ќе омекнат додадете 400 гр мелено месо, пропржете го и него и на крај додадете сол и бибер.
Корите за пита замотајте ги во ролат, исечете на резанки и поделете на два дела.
Половина од лиснатото тесто расукајте го во големина на тавче со димензии 30х20 цм и ставете го во тавчето. Врз него ставете половина од корите, врз нив целиот фил со месо, другата половина од корите и на крај другата половина од тестото исто расукана колку тавчето. Со оштар нож исечете ја питата на парчиња.
Изматете 2 јајца, 200 мл газирана вода и 80 мл масло и со тоа прелијте ја питата и оставете да одмори 30 минути.
Печете во загреана печка на 180 степени околу 35 минути.

СПОДЕЛЕТЕ

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
Share on pinterest
Share on email

СПОДЕЛЕТЕ

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
Share on pinterest
Share on email