Овошна пита со смокви

СОСТОЈКИ И ПОДГОТОВКА

  • 1 јајце
  • 250гр. шеќер
  • 1 ванила
  • 100мл. масло
  • 200мл. млеко + 2 лажици
  • 250гр. брашно
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • рендана кора од лимон
  • 1 лажица какао
  • 500гр. смокви
  • 2 лажици шеќер во прав
  • Со миксер изматете 1 јајце со 250гр. шеќер и 1 ванила.
  • Во смесата додадете 100мл. масло и 200мл. млеко.
  • На соединетата смеса за тесто додајте 250гр. брашно во кое ќе измешате 1 лажичка од прашокот за пециво, и рендана кора од лимон. Измешајте убаво.
  • Тргнете на страна 1/4 од тестото, а во преостанатите 3/4 додадете 1 лажица какао и 2 лажици млеко и мешајте.
  • Тестото со какао сипете го во тавче со пречник 30цм. (претходно намачкано со масло и посипано со брашно) и печете во рерна, 10 минути на 200 степени.
  • Извадете го тестото од рерна и сипете го преостанатиот дел од тестото (1/4) со лажица (да биде шарено), наредете ги смоквите и вратете го во рерна додека да се испече.
  • Дали е печено проверете со дрвена чепкалка.
  • Печената пита со смокви поросете ја со шеќер во прав и сечете на парчиња.

СПОДЕЛЕТЕ

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
Share on pinterest
Share on email

СПОДЕЛЕТЕ

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
Share on pinterest
Share on email