Пилешки надкопан во рерна

СОСТОЈКИ И ПОДГОТОВКА

  • 3 Пилешки Надкопани
  • 2 Патлиџани
  • 2 Зелени Пиперки
  • 1 Црвена Пиперка
  • 2 Моркови
  • 1 Главица Кромид
  • Масло
  • Сол
  • Црн Пипер
  • 2 Лажици Кечап

Подготовка:
Во огноотпорен сад ги ставате претходно исечканите пиперки, моркови кромид и патлиџан (само меснатиот дел, за да не пушти вода). Измешајте убаво. Додадете масло, сол по вкус, црн пипер и кечап. Повторно промешајте.

Наредете ги одозгора претходно зачинетите надкопани и покријте го садот со фолија. Печете во рерна на 200 степени околу 30 минути.

Извадете го садот од рерна, убаво промешајте го зеленчукот и вратете во рерна додека да испари течноста.
Декорирајте со сечкан магдонос.

Ова е многу здрав оброк затоа што нема пржење, и е многу брз и лесен за приготвување.

СПОДЕЛЕТЕ

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
Share on pinterest
Share on email

СПОДЕЛЕТЕ

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
Share on pinterest
Share on email