Пилешки плескавици со ајвар

СОСТОЈКИ И ПОДГОТОВКА

  • 400 гр бело пилешко месо,
  • 1 јајце,
  • 2 лажици ајвар,
  • 100 гр ситно сирење,
  • сол по вкус и бибер,
  • магданос за декорација

Пилешкото се сецка на ситни коцки, се додава ајвар, сирење, сол и бибер. Се меша убаво. На тавче се става хартија за печење и се попрскува со малку масло.
Од смесата се прават плескавици, се обложуваат во лебни трошки и со сусам и се редат на хартијата. Одозгора се попрскуваат со малку масло.
Се печат во загреана рерна на 200 степени околу 35 минути.
Сервирајте ги со кисела павлака во која можете да додадете малку ајвар. Магданос за декорација.
Со било која салата ке добиете прекрасен оброк направен од неколку состојки, ќе потрошите малку време и бидете уверени дека на сите ќе им се допаднат.

СПОДЕЛЕТЕ

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
Share on pinterest
Share on email

СПОДЕЛЕТЕ

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
Share on pinterest
Share on email