Пилешки раженчиња

СОСТОЈКИ И ПОДГОТОВКА

За едно стапче е потребно 100гр. бело пилешко месо. Во рецептот е искористено 400гр. бело пилешко месо кое го зачинувате со сол, бибер и масло. Спремате кромид исечкан на крупни парчиња (посолете го) и 1 црвена и 1 зелена пиперка исечени на крупни парчиња (посолени).

На стапчиња редите наизменично месо, кромид, пиперка.
Приготвените раженчиња ставете ги во тава на хартија за печење и попрскајте ги со масло. Печете во загреана рерна на 200 степени. Кога ке добијат убава боја свртете ги да се запече и другата страна.

Подлогата на овие раженчиња е салата од рукола, варена леблебија и сецкан патлиџан, зачинети со масло, сол и сок од лимон.
Леблебијата може да ја купите варена во тегла, но може во домашни услови да ја спремите ( сирова леблебија киснете во вода преку ноќ, а утредента варете ја 30 минути откако ке зоврие ).

Имајте убав апетит.

СПОДЕЛЕТЕ

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
Share on pinterest
Share on email

СПОДЕЛЕТЕ

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
Share on pinterest
Share on email