Посна погача со маслинки

СОСТОЈКИ И ПОДГОТОВКА

  • 800 гр брашно ( +/-),
  • 1 лажица шеќер,
  • 1 кесичка сув квасец,
  • 200 мл. масло,
  • 200 гр. сецкани маслинки,
  • 1/2 л. млака вода,
  • 1 лажичка сол
  • Плус 100 гр маргарин за премачкување

Сите наведени состојки додавајте ги со ред во пластичен сад за месење. Замесете тесто и оставете го да стасува и двојно да го зголеми волуменот.
Стасаното тесто ставете го на набрашнета површина, расукајте го и со чаша сечете кругови. Остатоците при сечење повторно замесете ги и пак сукајте кора и сечете кругови додека не го употребите целото тесто.
Растопете 100 гр маргарин. Намрсете тава со пречник од 30 цм со маргарин. На средината на тавата ставете чаша ( гледајте да е подебело стаклото затоа што ќе се пече во рерна).
Круговите редете ги скалесто во круг во два реда, секој круг мачкајте го со маргарин. Кога ќе ги наредите сите, ако ви остане од маргаринот ставете го врз тестото. Оставете ја погачата да стасува и вклучете рерна на 200 степени. Печете во загреана рерна околу 30 минути ( за вашата рерна вие најдобро си знаете).
Печената погача извадете ја од рерна, извадете ја и чашата за да се
излади убаво, околу 10 минути и тогаш извадете ја од тавата.
Кога ја сервирате во средината ставете ја чашата и во неа ставете ајвар или кечап или било што друго по ваш вкус.

СПОДЕЛЕТЕ

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
Share on pinterest
Share on email

СПОДЕЛЕТЕ

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
Share on pinterest
Share on email