Рококо Штангли
СОСТОЈКИ И ПОДГОТОВКА
▶ Тесто: 5 јајца и 4 жолтки матете ги со 9 лажици шеќер. Кога е убаво изматено додадете 7 лажици мелени ореви и 4 лажици брашно.
Смесата сипете ја во тавче со димензија 38х27 цм, обложено со хартија за печење. Печете во загреана рерна на 180 степени 15 минути и на 150 степени уште 5 минути.
Испечено и изладено исечете го на половина.
▶ Фил: 4 белки и 270 гр шеќер во прав ставете ги на пареа и мешајте додека да се истопи шеќерот и да се загрее смесата (околу 5 минути). Тргнете ги од пареа и матете со миксер 10 минути.
Изматете 250 гр маргарин и во него додадете ги изматените белки и 200 гр мелени ореви.
Ставете ја едната половина од тестото, намачкајте 1/2 од филот, втората половина од тестото, намачкајте 1/2 од филот и одозгора посипете со мелени ореви.
Ставете да се излади во фрижидер и сечете штангли.
По истиот рецепт можете и торта да си направите, испечете 2 теста, дуплирајте го филот и бидете сигурни дека сите ќе се воодушевени.