Ролат Софи

СОСТОЈКИ И ПОДГОТОВКА

По повод 50.000 фанови ви кажавме да напишете во коментари некој рецепт кој што би сакале да го направиме.
Еден од коментарите беше напишан од Snezana Tanevska, која напиша рецепт за омилената торта на нејзината ќерка Софи. Веднаш беше јасно како ќе ја крстиме тортата. Откако ја направивме, решивме да ја изненадиме Софи со торта специјално направена за неа.

Погледнете го рецептот подолу и уживајте заедно со Софи во нејзината омилена торта!

  • 700гр. ресани
  • 300гр. бисквити
  • 100гр. ореви
  • 200мл. млеко
  • 250гр. чоколада
  • 250гр. маргарин

За Декорација:

  • 100гр. чоколада
  • 3 лажици шеќер
  • 3 лажици масло
  • 3 лажици вода
  • 200мл. слатка павлака
  • декоративни бомбончиња

Подготовка:
Ресаните исечете ги на четвртинки.
Бисквитите 150гр. искршете ги на парчиња, 150гр. измелете ги.
Оревите измелете ги.
Вака приготвени сипете ги во подлабок сад и измешајте ги.
Во тенџере на ниска температура сипете ги млекото, чоколадата и маргаринот, истопете ги и почекајте да проврие смесата.
Сипете кај бисквитите и измешајте убаво.
Во правоаголен сад со димензии 30×12, обложен со фолија сипете ја смесата, убаво притиснете ја и ставете во фрижидер да се излади.
Изладениот ролат превртете го и отстранете ја фолијата.
На тивок оган истопете ја чоколадата, шеќерот, маслото и водата и мешајте додека да се изедначи, а да не проврие. Нанесете го преливот врз ролатот.
Изматете ја слатката павлака со миксер и со шприц декорирајте го ролатот. Врз слатката павлака нанесете од декоративните бомбончиња.

СПОДЕЛЕТЕ

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
Share on pinterest
Share on email

СПОДЕЛЕТЕ

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
Share on pinterest
Share on email