Шарени безе штангли

СОСТОЈКИ И ПОДГОТОВКА

  • За тесто: 100гр маргарин, 100гр шеќер, 3 жолчки, 150гр брашно, 2 лажици студена вода.
  • За посипување: 150гр сецкана чоколада, 100гр суво грозје, 100гр сецкани ореви.
  • За безе фил: 3 белки, 100гр шеќер, 75гр брашно.

Тесто: Изматете ги маргаринот и шеќерот, додадете ги жолчките, изматете ги и нив и на крај додадете ги брашното и водата.
Тестото ставете го во тавче со димензии 32×18 (подмачкано со масло и брашно).
Врз тестото еднакво нанесете го чоколадото, сувото грозје и на крај оревите.

Безе фил: Изматете ги белките со шеќерот да добиете густа смеса и додадете го брашното. Безе филот нанесете го одозгора, изедначете го и ставете го тавчето во загреана рерна на 170 степени и печете 25 до 30 минути.

СПОДЕЛЕТЕ

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
Share on pinterest
Share on email

СПОДЕЛЕТЕ

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
Share on pinterest
Share on email