СЕДМО НЕБО – Кралица меѓу обландите

СОСТОЈКИ И ПОДГОТОВКА

1 тесто: 4 белки и 6 лажици шеќер изматете ги убаво. Додадете 1 лажица брашно и 150гр. мелени бисквити. Вака приготвено се нанесува врз лист од обланда и се пече во рерна на 180 степени 13 минути.

2 тесто: 4 белки и 6 лажици шеќер се мати, се додава 2 лажици брашно и 100гр. кокос. Се нанесува врз лист од обланда и се пече на 180 степени 11 минути.

Фил: 8 жолтки изматете ги со 8 лажици шеќер. Варете ги на пареа. Кога ке проврие водата варете 10 минути, повремено мешајќи. На крај се додава 100гр. чоколада да се истопи. Кога ке се излади се додава 200гр. маргарин.

Корите со обланда исечете ги на половина.

Филување: прво се става кора со бисквити, 1/3 од филот, кора со кокос, 1/3 од филот, кора со кокос ама поклопена, обландата одозгора, 1/3 од филот, кора со бисквити, обландата одозгора.

Одозгора се става даска и се притиска со нешто тешко за убаво да се залепи. После некочку часа сечете штангли.

Овој рецепт е прилагоден за сите што имаат алергија на ореви затоа во првиот лист има бисквити.

СПОДЕЛЕТЕ

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
Share on pinterest
Share on email

СПОДЕЛЕТЕ

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
Share on pinterest
Share on email