Шарам Барам колач

СОСТОЈКИ И ПОДГОТОВКА

Состојки:
▶ Фил
– 3 кесички пудинг (бело чоколадо или ванила)
– шеќер
– млеко

– 500г кисела павлака
– шеќер во прав

▶ Тесто
– 5 јајца
– 250г шеќер
– 100мл млеко
– 100мл масло
– 250г брашно
– 1 пециво
– какао

За овој колач прво го правите филот:
Измешајте 3 кесички пудинг од бело чоколадо (или од ванила) со 6 лажици шеќер и 200мл млеко. Загрејте 800мл млеко, додадете го во пудингот и сварете густ крем. Оставете го на страна.

Тесто: Изматете 5 јајца со 250гр шеќер, додадете 100мл млеко, 100мл масло и на крај додадете 250гр брашно измешано со 1 пециво и 2ипол лажици какао.

Тавче со димензии 35х25 цм намачкајте го со масло и поросете со брашно. Сипете го тестото и врз него ставајте со лажица од сварениот крем, правете купчиња на мало растојание.

Печете во загреана печка на 180 степени околу 40 минути.
Кога ке се излади колачот премачкајте го со 500 гр кисела павлака изматена со 5 лажици шеќер во прав.

Сечете го на коцки и уживајте во прекрасниот вкус.
Колачот можете да го направите и во уште една варијанта. Во тестото ако не ставите какао и ако направите пудинг од чоколадо ке добиете исто така прекрасен колач.

СПОДЕЛЕТЕ

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
Share on pinterest
Share on email

СПОДЕЛЕТЕ

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
Share on pinterest
Share on email