Солени кифлички со маргарин

СОСТОЈКИ И ПОДГОТОВКА

  • 500 гр брашно (+/-),
  • 1 лажичка сол,
  • 1 лажичка шеќер,
  • 1 кесичка сув квасец,
  • 125 мл јогурт,
  • 125 мл млака вода,
  • 1 јајце
  • 100 мл масло,
  • 100 мл маргарин,
  • 100 гр сусам

Замесете тесто од брашното, сол, шеќер, квасец, јогурт, вода и белка (жолчката оставете ја за премачкување). Оставете го да стаса додека не се дуплира.
Премесете го и поделете на 4 дела. Формирајте топки кои ги сукате во округла форма, исечете ги на 8 дела, на секој дел ставете парче маргарин и замотајте кифлички. Редете ги на тепсија подмачкана со маргарин, намачкајте ги со жочтка во која ке додадете малку масло. Одозгора посипете сусам и на секоја кифличка ставете парченце маргарин. Оставете ги да стасаат околу 15 минути. Печете во загреана рерна на 180 степени. Јас печев 18 минути во мојата рерна, за вашата вие најдобро знаете.
Убав апетит.

СПОДЕЛЕТЕ

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
Share on pinterest
Share on email

СПОДЕЛЕТЕ

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
Share on pinterest
Share on email