Солени ванилици
СОСТОЈКИ И ПОДГОТОВКА
Тесто: Во сад за месење сипете 250гр брашно, 100гр рендано сирење, 150гр маргарин, 100гр мелени печени бадеми, 2 лажици кисела павлака, 1/2 лажичка сол и 1/2 пециво. Замесете тесто и замотано во ќеса ставете го во фрижидер 30 минути.
Расукајте кора со дебелина 5мм и со мала чашка за ракија сечете кругови кои ги редите на тепсија (не треба да е подмачкана затоа што тестото е масно). Печете во загреана рерна на 200 степени 15 минути. Првпат кога ќе печете внимавајте затоа што не секоја рерна исто пече, може и ќе треба помалку затоа што се мали и тенки.
Фил: Измешајте 100гр маргарин, 100гр рендано сирење и 100гр крем сирење. Додадете сол и бибер по вкус.
Составете со филот по две ванилици. Кога ќе ги споите сите во остатокот од филот додадете малку кечап или ајвар. Со оваа смеса намачкајте ги горните теста и нанесете рендано сирење.