Тестенини во сос од бело пилешко месо
СОСТОЈКИ И ПОДГОТОВКА
На загреано масло пржете 1 главица кромид исечена на резанки и 2 пиперки исечени на долгнавести парчиња, посолете и пржете додека да омекнат.
Додадете 500гр пилешко бело месо исечено на мали коцки и пржете додека да побели. Тогаш додадете 100гр грашок и продолжете да динстате. Додавајте по малку вода додека да биде готово.
Во друго тенџере сварете 500гр спирални тестенини. Кога се варени само исцедете ги од вода.
Во сосот кога е готов и водата извриена додадете 5 лажици кисела павлака и оставете само да проврие. Додадете сол и бибер по вкус и варените тестенини. Измешајте убаво и сервирајте на тањир. Одозгора посипете рендан пармезан.
Ова е убав начин децата што сакаат да јадат тестенини, а не сакаат зеленчук да им го додадете и зеленчукот, макар и блендиран.