Топчиња со мелено месо

СОСТОЈКИ И ПОДГОТОВКА

  • 250гр. мелено месо
  • 250гр. рендан компир
  • 1 јајце
  • 1 главица ситно сецкан кромид
  • 1 ситно сецкана пиперка
  • 2 лажици лебни трошки
  • Масло
  • сол и црн пипер

Сите состојки се ставаат во сад и убаво се промешуваат додека да добиеме една хомогена смеса.
Направете 12 топчиња кои ги ставате во тава подмачкана со маргарин и ги печете 30 минути во рерна на 200 степени.
Извадете ги од рерна и прелијте со смеса од 200гр. кисела павлака, 100гр. ситно сирење и 50 мл. вода. и потоа вратете ги да се допечат уште 15 минути.
Кога се готови наросете ги со оригано и букова сол.

Одлична идеја за брз и лесен ручек за подготовка, кој изобилува со вкусови!

СПОДЕЛЕТЕ

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
Share on pinterest
Share on email

СПОДЕЛЕТЕ

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
Share on pinterest
Share on email