Колач Тереза
СОСТОЈКИ И ПОДГОТОВКА
Мала поправка на текстот во видеото:
- наместо 3 јајца, потребни ви се 6 јајца
- наместо 6 лажици шеќер, потребни ви се 15 лажици шеќер
Следете го текстот под оваа објава!
Подготовка:
Какао тесто: изматете 3 јајца со 6 лажици шеќер, додадете 3 лажици студена вода и 5 лажици брашно измешани со 1 лажица какао и 1/2 пециво. Сипете го тестото во тавче (пречник 30цм) подмачкано со масло и брашно.
Кокос тесто: изматете 3 белки со 3 лажици шеќер и додадете 1 лажица брашно и 80гр кокос. Од ова тесто со лажица сипувајте купчиња врз тестото со какао.
Печете 20 минути во рерна загреана на 200 степени.
Фил: Измешајте 3 жолчки, 6 лажици шеќер и 2 кесички прашок за пудинг од чоколадо. Додадете 600 мл млако млеко и сварете густ крем. Во кремот додадете 125гр маргарин и мешајте додека да се истопи. Топлиот крем премачкајте го врз испечениот колач додека е и тој топол. Одозгора посипете со 20гр кокос.
Кога убаво ке се излади сечете на коцки.