Орео торта
СОСТОЈКИ И ПОДГОТОВКА
- Подлога
350гр. орео бисквити
125гр. маргарин
2 лажици шеќер во прав - Фил
400мл. кисела павлака
100гр. шеќер во прав
300мл. слатка павлака
200гр. бело чоколадо - Декорација
200мл. слатка павлака
200мл. црно чоколадо за готвење
Подлога: На 350гр. орео бисквити одвојте го филот. Бисквитите измелете ги, додадете 2 лажици шеќер во прав и 125гр. стопен маргарин. Убаво измешајте и сипете во тавче со обрач (пречник 24цм.), подмачкано со маргарин. Ставете во фрижидер да се олади.
Фил: Изматете 400мл. киела павлака, 100гр. шеќер во прав и филот од орео бисквитите. Изматете посебно 300мл. слатка павлака. На тивок оган истопете 200гр. бело чоколадо.
Соединете ги сите состојки и сипете ги врз подлогата. Ставете во фрижидер.
Декорација: На тивок оган стопете 200мл. слатка павлака и 200гр. црна чоколада за готвење. Ставете ги во фрижидер да се се изладат убаво. Изладени изматете ги со миксер. Сипете во обична ќеса, отсечете го врвот на ќесата и нанесете го филот врз целата торта. Декорирајте со орео бисквити.
Оладете убаво во фрижидер и уживајте!