СОЛЕНА БАЈАДЕРА
СОСТОЈКИ И ПОДГОТОВКА
– 300гр кори за пита
– 150мл масло
– 50гр гриз
– 10-12 црвени пиперки
– 500гр кравјо сирење
– 5 јајца
– кисела павлака
Тавче со димeнзии 30х20 цм напрскајте го со масло. Ставете една кора, напрскајте масло, поросете гриз (но и не мора за да не останат корите суви) и така наредете ги сите кори. Сами ќе мора да видите колку се суви корите и ако се суви не ставајте гриз или ако се многу суви не ставајте гриз туку прскајте ги и со малку газирана вода.
Кога ќе ги ставите сите кори врз нив ставете печени црвени пиперки (излупени и исчистени од семе), околу 5 до 6 пиперки. Врз пиперките поросете гриз.
Измешајте 500гр. рендано кравјо сирење со 5 белки изматени во пена. Распоредете го врз пиперките. Врз сирењето ставете уште 5 до 6 црвени пиперки и на крај премачкајте со 5 жолчки кои ќе ги изматите со вилушка и ќе им додадете 4 лажици кисела павлака.
Печете во загреана рерна на 200 степени 35 минути.
Кога убаво ќе се излади сечете штангли.
Напомена: Овде треба да се внимава колку се суви корите и колку влага има во пиперките. Ако се влажни треба гриз да ја повлече водата, ако пак се суви корите и пиперките убаво исцедени нема потреба од гриз и убаво би било корите да се прскаат и со газирана вода за да не се делат кога ќе се испече.Моите малку делеа но не беше страшно бидејќи за првпат одев по оригиналниот рецепт.